„Останувам во Ајакс!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младата ѕвезда на Ајакс, Долберг нема намера да замине во наредниот преоден рок.

Долберг е еден од најталентираните фудбалери во Европа и не е чудно што за него се распрашуваат гиганти како ПСЖ, Јунајтед и Реал.

„Ќе останам во Ајакс наредната сезона. Сакам да бидам уште подобар и да постигнувам повеќе голови.“

Данецот кој не наполнил 20 години му претставува на Ајакс тоа што му претставува Мбапе на Монако. Во својата дебитантска сезона одигра 45 натпревари и постигна 22 голови и 7 асистенции.