Откако Санчо се покажа како полн погодок, од Дортмунд ќе донесат уште еден талент од Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Борусија Дортмунд планираат да го донесат младиот и талентиран фудбалер на Манчестер Сити, Фил Фоден.

По примерот со Џејдон Санчо кој пред две години пристигна во Дортмунд како еден од најголемите англиски таленти, кој сега ја покажува својата класа, од таборот на „милионерите“ ќе се обидат истото да го сторат и со неговиот репрезентативен колега од у21 репрезентацијата на Англија.

18 годишниот Фоден е дел од Манчестер Сити од својата шеста година и се уште нема потпишано нов договор со тимот.

Сепак, тешко дека Гвардиола лесно ќе се откаже од услугите на Фоден за кого се предвидува блескава иднина.