Откриен говорот на Кристијано Роналдо пред финалето во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо трипати по ред ја освојуваше Лигата на шампиони (ЛШ) со Реал Мадрид, а притоа се докажа дека е најдобриот играч во светот и големи се шансите да остане таму и по изборот кој следува.

Познат е како голем победник, Роналдо пред натпреварот во финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул одржал говор пред соиграчите.

„Време е да победиме, а не да играме. Ајде да трчаме и да се тепаме, а потоа да го покажеме својот квалитет. Вредно е умирањето вечерва за да создадеме историја. Ќе бидеме први со три титули по ред“, кажал Роналдо.