Откриен изборот на ФИФА: 9 играчи на Барселона и Реал во тимот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФИФА ќе го прогласи најдобриот фудбалер на светот според нивниот избор на 9-ти јануари во Цирих.

Од оваа сезона повторно наградата на светот е поделена помеѓу ФИФА и Франс Фудбал, а претходно победи Кристијано Роналдо пред Меси според Франс Фудбал.

Се очекува Роналдо да победи и во изборот на ФИФА, а на гала вечерата ќе биде избран и најдобриот тим за 2016 година.

Некои медиуми однапред успеаа да ја дознаат листата од 11 фудбалери и на неа доминираат играчи на Реал Мадрид и Барселона.

Дури 9 од 11 играчи доаѓаат од Барселона и Реал Мадрид.

Честа на другите ја брани голманот на Баерн, Ноер, како и стоперот на ПСЖ, Тиаго Силва.

Вака изгледа тимот:

Ноер, Рамос, Пике, Силва, Марсело, Крос, Модриќ, Иниеста, Роналдо, Меси, Нејмар.