Официјално: Атлетико Мадрид ангажираше поранешен соиграч на Ристовски!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Желсон Мартинс е нов фудбалер на Атлетико Мадрид, а неговото пристигнување беше потврдено денеска.

Мартинс во Атлетико доаѓа како слободен играч, а претходните три години настапуваше за Спортинг Лисабон.

Овој 23-годишен фудбалер ќе претставува добро засилување за шпанската екипа, а треба да остане во нивните редови во наредните шест години.

Мартинс одигра и 19 натпревари за Португалија, но уште нема постигнато ниту еден погодок.