Официјално: Гоце Седлоски има нов тренерски ангажман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гоце Седлоски од денес и официјално е нов член на стручниот штаб на босанскиот клуб, Широки Бријег.

Седлоски на позицијата тренер на клубот ќе го наследи Борис Павиќ кој беше на чело на клубот само два и пол месеци. Нашиот стратег ќе седне на клупата по репрезентативната пауза, а на натпреварот со Железничар клубот ќе го преземе Денис Чориќ.

44 годишниот Седлоски во својата кариера ги има водено тимовите на Хоризонт Турново, Вардар и Рига, а на еден натпревар бил в.д селектор на репрезентацијата на Македонија.