Официјално: Ливерпул донесе нов лев бек


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул официјално потврди дека во своите редови го донесе левиот бек на Хал Сити, Енди Робертсон.

Шкотскиот интернационалец стави потпис на долгогодишен договор во Мелувд откако ги помина медицинските прегледи.

„Ова ми изгледа малку нереално.  Очигледно, јас сум воодушевен. Имаше многу шпекулации за мојата иднина во последните неколку недели, а сега сум среќен што се тоа заврши и што сум нов играч на Ливерпул“-коментираше младиот Робертсон.

Во спротивна насока, во редовите на Хал заврши Кевин Стјуарт кој перманентно го напушти тимот на Ливерпул.