ОФИЦИЈАЛНО: Олимпијакос го потпиша Холис Томпсон

 

Олимпијакос го комплетираше составот за следната сезона откако на тимот му се приклучи познато НБА име кое во грчкиот тим ќе донесе уште повеќе шутерски квалитет.

 

26-годишниот Холис Томпсон за првпат во својата кариера ќе настапува во Европа и останува да видиме која ќе биде неговата улога во и така исполнетиот состав на Олимпијакос. Крилниот играч е одличен шутер за три поени и се очекува да биде една од главните поентерски закани за грчкиот тим во новата сезона.

“Слушнав само добри работи за Олимпијакос и многу ми е драго што ќе настапувам во црвено-белиот дрес во наредната сезона. Едвај чекам да започне сезоната за да покажам што знам.” – изјави Томпсон.

 

Холис Томпсон во минатата сезона беше дел од тимот на Филаделфија Сиксерс во НБА лигата, но при крајот на сезоната тој испадна комплетно од ротацијата и затоа реши среќата да си ја проба во Европа.