ОФИЦИЈАЛНО: Остин Деј потпиша за Хапоел Ерусалим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Израелскиот шампион Хапоел Ерусалим сака во новата сезона да отиде чекор понатаму и да ја освои ЕвроЛигата. Со потписот на Остин Деј шансите само што им се зголемија.

 

Американското крило минатата сезона беше импресивен во дресот на Галатасарај и токму тоа го препорача на раководството на Хапоел Ерусалим. Тој има 29 години и во 2014 година беше дел од шампионскиот тим на Сан Антонио Спарс во НБА лигата.

 

Во својата втора последователна сезона во Европа тој веќе се докажа како еден од најдобрите играчи на “Стариот континент” а истото високо ниво се очекува и во новата сезона.