Официјално: Пато потпиша за кинески клуб!


Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Алесандре Пато од денес е член на Тијанџин.

Како и голем број играчи кои настапувале во европските клубови, така и 27-годишниот Бразилец одлучи да замине во источна Азија.

Кинеските пари ги полудеа играчите, кои својата среќа си ја наоѓаат во таа земја.

Трансферот е комплетиран, а тој ќе заработува 6 милиони евра годишно додека договорот е потпишан на 3 години.

Покрај него, ќе профитира и Виљареал. Тие за него ќе добијат чисти 15 милиони евра.

Пато ја започна кариерата во Интернасионал, потоа премина во Милан, а потоа следеше Коринтијанс, Сао Паоло и Виљареал.