Официјално: Погба потпиша договор, неговата нова цел ќе ја исполнува со шампионот во МЛС лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постариот брат на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, Флорентан, потпиша денес договор со актуелниот шампион на МЛС лигата, Атланта Јунајтед.

Искусниот дефанзивец во екипата на Франк Де Бур стигна откако му пропадна договорот со шпанскиот второлигаш Елче, а без ангажман е беше од летото, кога остана без договор во Генчербиргли.

Погба најдлабока трага остави во дресот на Сент Етјен, каде запиша 99 настапи, заклично со 25 натпревари одиграни во Лига Европа.

Тој ги брани боите на репрезентацијата на Гвинеија, во која е роден, иако како младинец настапуваше за Франција, а сега целта му е да се наметне на селекторот на својата родна земја за претстојниот Куп на африканските нации.