Официјално – Ривалдињо стигна во Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синот на легендарниот фудбалер го реализираше својот прв трансфер во Европа.

Неговиот татко Ривалдо го запиша своето име во историјата на Барселона, а Ривалдињо денеска стигна во Европа.

Овој 21-годишен бразилски фудбалер потпиша денеска договор со романски Динамо од Букурешт и ќе биде големо засилување за овој тим.

Ривалдињо во краток период играше во еден европски клуб, во португалска Боавистина, но само како младинец  и не доби шанса да заигра за првиот тим.

Во Јужна Америка играше за Моги Мирим во кој тим потекна, а подоцна за Интернасионал и Пајсанду.

Ќе видиме дали Ривалдињо може да направи барем приближна кариера како неговиот славен татко Ривалдо.