Официјално: Рома го отпушти Спалети


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Лучијано Спалети од  денес официјално не е тренер на рома,беше кажано на официјалната страна на Рома.

Спалети во својот последен натпревар на клупата на Рома успеа да ја победи Џенова со 3:2 и да се пласира во ЛШ,но управата на клубот не му ја простија сезоната без трофеј.

“Сакаме да ја изразиме нашата благодарност кон Спалети за работата и доприносот за успесите на клубот во оваа сезона,под негово водство Рома освои најмногу бодови и постигна најмногу голови во својата историја и му посакуваме се најдобро во иднина“

Спалети на клупата на Рома пристигна во почетокот на 2016 година и тоа беше неговиот втор мандат во овој клуб,кој претходно го водеше од 2005 до 2009 година.

Неговиот наследник во Рома сеуште не е познат,но се шпекулира за некои имиња кои би можеле да пристигнат на Олимпико. Наводно фаворит е кандидатот Ди Франческо,кој со многу успеси го водеше Сасуоло.