Официјално: Салах во Ливерпул


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ливерпул и официјално го комплетираше договорот на Мухамед Салах од редовите на Рома.

Еѓипќанецот официјално ќе се приклучи на клубот на 1 јули, а со „црвените“ потпиша долгогодишен договор.

„Многу сум возбуден што сум овде. Многу сум среќен. Ќе дадам 100 проценти и ќе дадам се за овој клуб. Навистина сакам да освојам нешто со овој тим.“- коментираше Мохамед Салах по потпишувањето на договорот.