Официјално: Стерлинг најдобар во август


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На официјалната страница на Премиер лигата се објавени добитниците на награта која се доделува на месечно ниво.

Првиот месец од новата сезона го одбележаа Кристијан Стуани со голот против Саутемптон, Рахим Стерлинг со своите брилијантни партии и тренерот на Хал Мајк Фелан, на кого сите му бараа замена додека не почна сезоната.

Значи, голчиштето на Стуани со Сандерленд, му ја донесе на Уругваецот наградата за најубав гол во август.

Што се однесува до најдобар играч, избран е Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, кој по мислење на многумина се препороди под „палката“ на Пеп Гвардиола.

Поранешниот играч на Ливерпул досега забележа 2 гола и една асистенција, додека неговиот тим во пресрет на манчестерското дерби е стопроцентно.

Најдобар тренер во конкуренција на Мурињо, Конте и Гвардиола, беше Мајк Фелан од Хал Сити. Тигровите на стартот од Премиер лигата го совладаа актуелниот шампион, потоа лесно го добија и Свонси, а голем отпор пружија и на Манчестер Јунајтед.