Официјално: УЕФА веднаш реагираше на случувањата и синоќешните нереди во Подгорица…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не чекавме долго на реакцијата на Дисциплинската комисија на УЕФА.

Нешто повеќе од 12 часа минаа од последниот судиски свиреж на стадионот во Подгорица до моментот кога на официјалниот сајт на УЕФА е потврдено дека е отворена постапка против ФС на Црна Гора.

Дисциплинските органи на УЕФА набројаа пет ставки кои се ставаат на терет на ФС на Црна Гора по вчерашниот меч со Англија.

Најтешко е обвинението врзано за расистичките испади на публиката, а тука е и употребата на пиротехнички средства, фрлањето предмети на теренот, недоличното однесување на трибините и блокираните скали.

На официјалнииот сајт на УЕФА се наведува дека Дисциплинската и етичката комисија ќе донесе конечна одлука за казната на 16. мај.

Англија синоќа во Подгорица славеше против Црна Гора со 5:1 во второто коло од квалификациите во групата А за ЕП.