Официјално: Хрватската легенда „слета“ во Каљари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Каљари и официјално го потврдија трансферот на Дарио Срна кој доаѓа како слободен фудбалер, а претходно долги години го носеше дресот на Шахтјор.

На официјалниот веб сајт на клубот осамна вест во која се вели дека Срна потпишал едногодишен договор со клубот со опција истиот да се продолжи на уште една сезона.

36 годишниот ветеран имаше над 500 настапи во дресот на Шахтјор, а е легенда на хрватската репрезентација со вкупно 134 настапи во дресот на „коцкестите“.

Се очекува Срна да биде најголемо засилување на Каљари, но ќе мора да ги пропушти првите две кола затоа што се уште издржува казна поради позитивни допинг тестови.