Очајната Барселона беше немоќна против Басконија – ЦСКА со мали проблеми подобра од Анадолу


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Барселона доживеаа катастрофа во 20-то коло.

Тимот на Басконија успеа да победи со 93:79. До самиот крај на првиот дел од натпреварот траеше неизвесноста.

Барселона имаше поен предност, но потоа следуваше серија од 11:0 и подобра игра на гостите, па на крајот и заслужен триумф.

Најдобар кај Барселона беше Рајс со 15 поени додека кај гостите Ларкин постигна 18 поени.

На останатите натпревари ЦСКА Москва беше подобра од Анадолу Ефес со 80:77 и Дарусафак изгуби од Жалгирис со 66:69.