Очај и заблуда: Дали Сари си стави крај на ерата во Челси благодарение на трансферот на Игуаин…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Проблемот кој го има Игуаин не е од вчера, Сари се стави на овој број еден. Само, дали тоа ќе биде и она што ќе го протера кон излезни врати?

Навивачите на Челси се шокирани.

„Плавите“ се прегазени од Борнмаут, изгубија втор натпревар во низа по мечот со Арсенал, а Игуаин беше незабележителен.

„Пипита“ на дебито во ПЛ одигра 65 минути, ја допре топката 23 пати, ниту еднаш не шутираше кон голот. Делуваше потполно изгубено, без самодоверба, беше иритантен, се жалеше дека не добива топка во вистински момент.

Следеа исвиркувања, дене го исмејуваат, навивачите секако веднаш го споредија со неговата замена во Милан, Пјонтек против Наполи.

Јасно, тоа е неспоредливо, Сари го бранеше дека има проблем со грбот, но и со психата бидејќи го чекаше трансферот.

Но, јасно е дека својата судбина ја врза за Игуаин. Челси падна на петтата позиција, а ако не се изборат за Лигата на шампионите, барем да освојат некој од куповите, тоа нема да значи ништо, Сари ќе заработи отказ, а Игуаин веројатно ќе се врато во Јувентус со кој има договор.