Парите често ги менуваат луѓето: Тевез се предомисли во врска со својата изјава!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Карлос Тевез потпиша 2-годишен договор со Шангај Шенхуа според кој ќе заработува 720.000 евра неделно. Стана најплатен фудбалер во светот и со 32 години стигна до вистинско богатство.

Тевез во 2010 година кажа лоши работи за таквите фудбалери и имаше лошо мислење за тоа, па помислуваше и да го остави фудбалот.

„Не сакам повеќе да играм, мака ми е, никој не сака титули, само пари! Уморен сум од фудбал и луѓе кои работат во фудбалот. Сериозно ви зборувам. Во фудбалот денес `се се врти околу парите и тоа не ми се допаѓа. Сите се заинтересирани за пари, а никој за освојување на титули.“