Пато го напушта Виљареал и заминува на другиот крај на Европа?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот бразилски талент и репрезентативец, Алесандре Пато е на прагот до изненадувачки трансфер.

Според медиумите, фудбалерот на Виљареал се наоѓа на излезните врати од клубот и многу е јасно дека кариерата би ја продолжил на другиот крај на Европа.

Според медиумите, за Пато интерес покажува Галатасарај, кој има предност во однос на кинеските клубови.

Во прилог на овие шпекулации оди и информацијата дека Виљареал го донесе напаѓачот Адријано Лопез.

Пато оваа сезона одигра 24 натпревари, а постигна само 6 голови.