„Паје последните два месеци со никого не зборуваше“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Димитри Паје стана нов фудбалер на Марсеј.

Паје стигна од Вест Хем за 25 милиони фунти, а последните недели во тимот му беа пеколни.

Дејвид Саливан изјави дека Паје во последните 5 или 6 недели не зборувал со никого.

„Мислам дека во последните 5-6 недели не зборуваше со никого. Заминуваше во аголот на соба да јаде и се изолираше од сите. Претходно беше среќен, а се ракуваше со сите пред натпреварот. Не знам што се случиво неговата глава.“

„Целиот тим сакаше да замине. Тренерот сакаше тој да замине. Колку и да сакавме да остане, не можете да работите против цел тим.“

„Марсеј е многу тежок тим за преговори. Имаат среќа што прифативме 25 милиони фунти. Мислам дека вреди повеќе од тоа. Фудбалерот ја предаде својата јануарска плата, а тоа се дополнителни 400-500 илјади за нас.“

Паје стигна во Вест Хем во 2015 година, токму од Марсеј за 15 милиони евра.