Пелегрини за прв пат проговори околу можноста да го донесат Насри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини во пресрет на новото коло од Премиер Лигата и натпреварот против Манчестер Сити, даде одговор и на прашањето дали Насри ќе добие договор од тимот.

Поранешниот француски репрезентативец тренира со клубот од Лондон и има време до крајот на декември да ги убеди челниците на „Чеканите“ дека е кадарен да го носи нивниот дрес.

„Му подадовме рака за да се врати во фудбалот. Се надевам дека од сега па до крајот на календарската година ќе биде фит, и доколку тоа е случај ќе се обидеме да го задржиме во Вест Хем“- коментираше Пелегрини.