Перез го обвини Интер: Се обидоа да го земат Модриќ, но не сакаа да платат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е многу лут на раководството на Интер поради обидот да го ангажира Лука Модриќ летово.

„Нераѕурите“ се обидоа да го ангажираат хрватскиот фудбалер. Дури и 32-годишниот играч бил подготвен за трансфер, но Перез ги одбил сите понуди од „Џузепе Меаца“.

Причината била едноставна, Интер се обидел да го ангажира Модриќ без да му плати на Реал.

„Се обидоа да ја земат нашата десетка Модриќ и немаа намера да платат“, кажа Перез.

„Кралевите“ го тужат Интер до ФИФА поради вознемирување на фудбалерот и се очекува светската куќа на фудбалот да реагира во целиот случај.