Перез откри зошто Модриќ решил да остане во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, конечно откри зошто најдобриот играч во светот, Лука Модриќ, решил да остане во клубот.

Модриќ пред сезонава имаше седум милиони евра годишна плата и тоа е помалку од неколку играчи на „кралевите“, а како најдобар играч од Мундијалот заслушуваше повеќе.

Токму поради тоа, Интер се вмеша во целата ситуација, па сакаше да го ангажира Хрватот, но не успеаа во нивната намера.

Иако претседателот на Реал не сакаше да зборува за целата ситуација, сепак од тоа што го кажа може да заклучиме дека Модриќ има причини зошто да биде среќен.

„Плата? Можам да ви кажам дека летово е договорено Модриќ да добие поголема плата. Тоа можам само да ви го кажам“, објасни Перез.