Петлите во полуфинале – Хет-трик на Сон и петарда за Милвол од Тотенхем (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем го победија Милвол со убедливи 6:0 во натпревар од 1/4 финалето во ФА Купот.

После половина час петлите имаа водство. Ериксен ги израдува домашните навивачи. Ванјама неколку минути подоцна ја погоди пречката. Сон четири минути пред крајот на првото полувреме зголеми на 2:0.

Сон во второто полувреме го постигна вториот негов погодок на натпреварот. Али во 72-ра минута се запиша во листата на стрелците.

Десет минути пред крајот на првото полувреме Јансен погоди за 5:0. Во судиското продолжение од второто полувреме Сон го постигна хет-трик на денешниот натпреварот, 6:0.

Тотенхем е третиот полуфиналист во ФА Купот после Манчестер Сити и Арсенал.