Пике заработи казна од неверојатни 48.000 евра, а еве и зошто….


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Барселона, Џерар Пике, повторно се најде во проблеми со шпанската полиција поради пребрзо возење.

Пике во изминатите неколку години често е санкциониран поради пребрзо возење а овојпат е одлучено да биде жестоко казнет. Имено, Пике пред неколку дена доби нова казна со што ги премина максималниот број казнени поени за возачката дозвола.

Играчот на Барселона неодамна остана без возачка поради што со велосипед доаѓаше на тренинзи, а кога истата му е вратена не издржа долго без нова казна. Сепак, овојпат Пике ќе мора да плати голема сума бидејќи направи премногу прекршоци.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Пике вчера доби известување дека мора во следните 15 дена да плати неверојатни 48.000 евра поради преминување на максималниот број на казнени бодови. Можеби ова малку ќе го „опамети“ што се однесува до возењето.