Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пиоли има еден услов ако сака да остане во Интер, па сега се останува на него и неговите играчи.
Поранешниот тренер на Лацио во Интер го замени Де Боер, па му ја врати надежта на Интер дека ќе игра во ЛШ, иако многумина веќе се откажаа од тоа.
Меѓутоа, без оглед на се, на Пиоли никој не му гарантира дека и во наредната сезона ќе остане во Интер.
За да остане тренер ќе мора да го однесе тимот во ЛШ.
Интер за да го направи тоа, мора да биде пласиран најмалку на 3-то место во Серија А. Доколку клубот заврши во Ле, тоа на Пиоли нема да му биде доволно.
Помеѓу другото, подготовките би морало да почнат порано, па така одпадна патувањето во САД.
Диего Симеоне се споменува како нов тренер на Интер, како и Конте, но многу од тоа зависи дали Интер ќе игра во ЛШ.
Интер по 26 кола се наоѓа на 6-то место со 48 бодови.