Планот на Барса – Ѕвездата на Реал Мадрид на Ноу Камп без оштета?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците веруваат дека ваков исход е можен, исто како што Луис Енрике стигна пред повеќе од две децении.

Фудбалскиот клуб Барселона ќе проба да го доведе играчот за врска на Реал Мадрид Иско и тоа без оштета.

Имено, Флорентино Перез не сака да го продолжи договорот со шпанскиот репрезентативец, а во тој случај во лето може на лето 2018 година може да замине без оштета.

Иско беше голема желба на Барселона уште од 2013 година кога го избра Реал Мадрид, но тогаш во екипата беше пеколна конкуренција поради тоа што и понатака беа – Чави, Фабрегас и Тиаго Алкантара.

Сепак, сега ситуацијата е подруга, Иван Ракитиќ, Денис Суарез и Андре Гомеш не се највисоко можно ниво, па Барселона бара нов креативец на средината на теренот.

Меѓутоа, Барселона сака да зададе удар на најголемиот ривал и да го украде Иско дури кога ќе му истече договорот за година и пол, поточно до наредната зима да склопи преддоговор.

На идентичен начин, во Барселона од Реал Мадрид стигна сегашниот тренер Луис Енрике, во 1996 година и подоцна остави длабока трага на Ноу Камп како капитен, се до 2004 година.

Не е тајна дека Иско е навивач на Барселона, како играч на Малага на друштвените мрежи позираше во дрес на каталонскиот гигант, додека на своето куче му даде име Меси, по својот идол.