Плеј-аут – Брукс го сруши Пелистер во Билјанини Извори


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Охрид го победија Пелистер во натпревар од четвртото коло од плеј-аут, 53:51.

Фил и Талевски постигнаа две тројки во низа за 0:6. Охриѓани направија серија од единаесет поени за 11:6. Пелистер преку Голубовиќ и Илиевски кои погодија тројки после првата четвртина имаше водство од два поени, 12:14.

Охрид фантастично ја отвори втората четвртина и стигна до водство од седум поени, 21:14. Голубовиќ и Фил ја намалија негативата на битолчани на еден негатива, 23:22. До крајот на првото полувреме Брукс на едната, а Анакиевски на другата страна погодија за 25:24.

Брукс со две тројки во низа зголеми на плус седум, 36:29. Се играше во серии, а кошаркарите на Охрид во последните десет минути од натпреварот влегоа со водство од шест поени, 42:36.

Фил со пет поени во низа на почетокот на последниот дел од натпреварот го намали водството на охриѓани на еден поен, 42:41. Давков погоди тројка, а Фил за два за водство на Пелистер, 47:48 три минути пред крајот на натпреварот. Михајловски и Кајлин го вратија водството на Охрид, 51:48. Андрејевиќ 11 секунди пред крајот го израмни резултатот, 51:51. Брукс постигна два поени за победа на Охрид, 53:51.

Брукс 22 поени го предводеше Охрид. Милојевиќ додаде 10 поени. Кај Пелистер најмногу се истакна Фил со 21 поен.