Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во наредните две години, Ливерпул нема да може да донесува млади фудбалери во својата академија.
Ливерпул е казнет со 2-годишна забрана поради кршење на правилата за донесување на малолетни играчи.
Клубот минатата година се служел со недозволени средства во обид да донесе 11-годишен фудбалер од Стоук.
Според шпекулациите, Ливерпул на семејството на фудбалерот им нудел различни работи, како што се плаќање на разни трошоци, бесплатни карти за гледање на натпреварите на „Енфилд“.
Освен 2-годишна забрана, клубот ќе мора да плати и 100.000 фунти. Ова не е прв пат некој од гигантите да биде казнет поради вакви причини, претходно ова им се случи на Реал и Барселона.