Победата против Портланд си го зема данокот: Кошаркар на Лејкерс во „аут“ еден месец! (ФОТО)

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Рејон Рондо ќе мора да паузира поради повреда на десната дланка.

Одличниот плејмејкер се повреди во средбата против Портланд, а од теренот ќе мора да отсуствува дури еден месец, а тоа не се добри вести за Лејкерс.

Инаку, Рондо во тимот пристигна минатото лето и потпиша едногодишен договор, а досега на 10 натпревари имаше просечно по 8,5 поени, 4,5 скокови и 6,5 асистенции.

Најдобрите денови во кариерата ги помина како член на Бостон селтикс, а има настапувано уште за Далас маверикс, Сакраменто кингс, Чикаго булс и Њу Орлеанс пеликанс.