Победа повторно загуби во Охрид, овој пат од Спартак Суботица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победа беше поразена на пријателски натпревар кој што се одигра во Охрид од Спартак Суботица со 1:3.

Српскиот клуб после првото полувреме имаше водство од 0:2. Гешоски од белата точка во второто полувреме го постигна единствениот погодок за прилепчани. До крајот на натпреварот фудбалерите на Спартак Суботица уште еднаш ја затресија мрежата на тимот на Штерјовски за конечни 1:3.

На првиот натпревар одигран во Охрид, Победа ремизираше против Новаци, 1:1, а на вториот натпревар беше поразена од Борац Чачак со 1:3.