Победа повторно поразена, овој пат од Велазерими


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Победа денес на подготовките во Охрид одиграа пријателски натпревар против Велазерими од кој загубија со 1:2.

Во првото полувреме фудбалерите на Велазерими постигнаа два погодоци. Единствениот погодок за Победа го постигна Даниел Карчески во второто полувреме.

Победа денес ќе се врати во Прилеп, а следниот пријателски натпревар на прилепчани е во четврток против Хоризонт Турново.