Победа потпиша и со српскиот бек Качар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победа не престанува со засилувања пред почетокот на новата сезона во Првата Македонска фудбалска лига.

Прилепчани денес го објавија трансферот на српскиот дефанзивец Ервин Качар кој доаѓа од редовите на Нови Пазар од Србија.

Качар потекнува од школата на Нови Пазар и најголем дел од кариерата настапувал за овој тим и тоа најчесто на десната бековска позиција.

Со донесувањето на Качар стручниот штаб на Победа ја пополни празнината која настана по заминувањето од клубот на Бојан Георгиевски.

По Борче Маневски, Нове Ацески, Ѓоре Јованоски, Тулат Хумбатов и Јасир Асани, Ервин Качар е шестото засилување на прилепска Победа.