Повеќе нема место во тимот: Напаѓач на Милан се сели во Спартак


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан ќе остане без искусен голгетер, кој не остави добар впечаток во тимот.

Бразилскиот фудбалер, Луиз Адријано е подготвен да го напушти Милан и да премине во Спартак Москва, но според медиумите, тоа нема да се случи во наредните 10 дена.

Адријано оваа сезона започна само еден натпревар во Серија А и блиску е до заминување од тимот. Милан и Спартак се договориле, останале само некои детали.

Поранешниот фудбалер на Шахтјор треба да има лекарски прегледи на 10 или 11 јануари кога трансферот ќе биде официјално потврден.