Повремениот македонски репрезентативец Жута нов соиграч на Јаховиќ во Коњаспор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повремениот македонски репрезентативец, Леонард Жута си замина од редовите на Риека и потпиша за турскиот тим на Коњаспор.

Во овој тим со успех настапува поранешниот репрезентативен напаѓач, Адис Јаховиќ.

26 годишниот Жута помина нешто помалку од четири години во редовите на хрватска Риека и беше дел од историскиот успех на клубот кога пред две сезони успеаја да го симнат Динамо Загреб од тронот во хрватскиот фудбал.

„Се помина добро, по 2-3 дена од стартот на преговорите постигнавме договор. Среќен сум што ќе играм овде. Се надевам дека брзо ќе го поминам процесот на адаптација. Веќе се знам со Адис Јаховиќ кој многу ќе ми помогне за побргу да се адаптирам на новата средина“- коментираше Жута по потпишувањето на договорот со турскиот тим кој во моментов е на осмата позиција во турската Суперлига.