Погба ги разбранува страстите на неговите фанови со објава на Инстаграм


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањата на англиските медиуми, Пол Погба во јануари најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Најголеми шанси за негово доведување му се дава на Јувентус, кој покажа интерес да се врати Погба во Торино, но Јунајтед не е баш расположен за продажба. Наводно, Црвените Ѓаволи се спремин да го пуштат Погба на позајмица, но без опција Старата дама да може да го откупи неговиот договор.

Сево ова додатно го разбранува и Погба кој постави фотографија на неговиот Инстаграм профил со напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала, а многумина веруват дека тоа е знак оти Французинот ќе се врати во Јуве.