Погба смета дека тие можат да бидат наследници на Роналдо и Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја дои неодамна ФИФА наградата за најдобар фудбалер на светот што му е четврта во кариерата.

Сепак, сеуште заостанува зад Аргентинецот Лионел Меси кој има пет освоени награди за најдобар фудбалер фудбалер на планетата, а нивната доминација не се наѕира крај.

Францускиот играч за врска Пол Погба пробува да одговори на прашањето кој може да го замени Меси и Роналдо.

„Тоа никогаш не се знае, навистина. Во иднина тоа може да бидат Нејмар, (Еден) Азар или Марко (Ројс). Истотака, тука се уште неколку млади и многу талентирани фудбалери.

Никогаш не знаете бидејќи сезоната е многу долга и можете да доживеете повреда која надвор од теренот може да ве оддалечи шест или дванаесет месеци.

Се надевам дека тие повреди нема да се случат, но никогаш не знаете“, рече Погба.

Да потсетиме дека Роналдо и Меси наградите за најдобар играч на светот ги добиваат од 2008 година, а пред нивната ера последен Златната топка ја доби Кака.