Погледнете како Мексиканците го прославија пласманот во нокаут фазата (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Мексико претрпе неочекувано висок пораз (3:0) од селекцијата на Шведска и со тоа мораше да чека кикс на Германија за да се пласира во нокаут фазата.

Иако малкумина сметаа дека такво нешто е можно, Јужна Кореа со 2:0 ги совлада „панцирите“ и го лансираше Мексико во осминафиналето на Мундијалот во Русија.

По ваквата победа, голем број навивачи на Мексико кои не отпатуваа во Русија на Светското првенство победата ја прославија пред амбасадата на Јужна Кореа во Мексико Сити од каде им се заблагодарија на Азијците за „услугата“. Генијално, нема што.

Други Мексиканци пак „начекаа“ Кореец додека го славеа пласманот во нокаут фазата, па го облекоа во дрес на Мексико и заедно го прославија големиот успех.