Пожарникарите спречија катастрофа: Навивачите на Спортинг ја запалија својата трибина (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големо дерби вчера беше одиграно во Португалија меѓу Спортинг Лисабон и Порто, а на мечот немаше голови, но сепак имаше многу возбудувања.

Домашните навивачи направија спекткуларна атмосфера на трибините, но дел од фановите ја запалија својата трибина.

За среќа пожарникарите реагираа на време и го изгасија пожарот, а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Пожарот се случил, откако еден навивач фрлил факел на стол кое се запалило и почнал оганот да се шири.