Познати полуфиналните парови во Лигата на нациите: Еве каков е распоредот на завршницата во Португалија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Даблин денес е оддржана ждрепката за паровите од завршницата во Лигата на нациите во групата А каде за трофејот се борат Португалија, Холандија, Англија и Швајцарија.

УЕФА одлучи завршницата од Лигата на нациите да се игра во Португалија во јуни следната година, а денес се извлечени и паровите. Во полуфиналето од ова натпреварување ќе се состанат, Англија – Холандија и Португалија – Швајцарија.

На Португалија и припадна домаќинството откако Италија и Полска не се пласираа на завршницата, а тие единствени сакаа да ја организираат завршницата на турнирот во Лигата на нациите.

Полуфиналните натпревари во Лигата на нациите ќе се одиграат на 5. и 6. јуни 2019. година, мечот за третото место и финалето ќе се одиграат на 9. јуни во Драгао.