Поранешен голман на Барселона призна: Би му бил тренер на Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пепе Реина сезонава го замени клубот, откако стигна во Милан, каде што е резерва на младиот Џанлуиџи Донарума.

Реина има  36 години, па полека размислува и за пензија, а по завршувањето на неговиот тригодишен договор дефинитивно ќе стави крај на кариерата.

„Сакам да уживам во наредните три години, а потоа да станам тренер. Дали би го тренирал Реал? Ако имам шанса, секако. Постојат тимови како што е Барселона, која ме направи добар играч, но Реал е сон на секој тренер“, кажа Реина.