Поранешна ѕвезда на Мајами се враќа во НБА-лигата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната ѕвезда на Торонто репторс и Мајами хит, Крис Бош, планира да се врати во НБА-лигата.

Еден од најдобрите крилни центри во лигата во последните 15-на години мораше да се повлече пред две ипол години поради згрутчување на крвта.

Сепак, Бош не се откажа од карирата и има намера повторно да се врати на паркетите на најсилната лига во светот и тоа во февруари.

„Да, уште размислувам за враќање. Сепак, сигурно е дека тоа нема да се случи до февруари. Се радувам на тоа, но уште се обидувам да го пребродам тоа што се случи. Се радувам на новите предизвици и знам дека секогаш можам да играм квалитетна кошарка“, кажа Бош.

Одличниот кошаркар освои две титули со Мајами, а во кариерата има играно уште и за Торонто, а во просек по натпревар има постигнувано 19,2 поени и 8,5 скокови.