Поранешниот германски репрезентативец кариерата ја оживува во Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот германски репрезентативец, Холгер Бадштубер во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти Баерн Минхен.

Според пишувањата на германските медиуми, Бадштубер е на мета на Манчестер Сити чиј менаџер е Пеп Гвардиола сака да ја засили одбраната.

Бадштубер има долго време проблеми со повреди, но и покрај тоа Гвардиола го сака во својот тим.

На германскиот дефанзивец договорот со Баерн му истекува на крајот на оваа сезона па граѓаните би можеле да платат мала сума на пари.

Да потсетиме, оваа сезона Бадштубер во сите натпреварувања има одиграно само три натпревари, а својата сениорска кариера ја почна во минхенскиот клуб.