Потребни ли се повеќе факти: Еден Азар е самиот синоним за Челси, нема подобар така барем говори статистиката…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси и оваа сезона игра променливо, се бори за Лигата на шампионите, но е милји далеку од битката за титулата за која, објективно, „Плавите“ не се ниту способни. Далеку се тие од таа приказна, па сега малку е и смешно да се ставаат во ист ред со Сити и Ливерпул, можеби дури и со Тотенхем.

Иако Челси на хартија има еден од најдобрите тимови во Премиер лигата, јасно е дека во овој клуб светлист и темнина е Еден Азар, кој со години е далеку најдобриот играч на екипата која потполно зависи од него.

Статистиката јасно вели дека Челси е втората екипа во Премиер лигата по бројот на создадени шанси, што е извонредно, но проблемот е што офанзивниот дел од тимот постигна само 24 погодоци, а би требало да се повеќе.

Од тие, Еден Азар самиот постигна 12 погодоци, додека на пример Алваро Мората и Оливие Жиру заедно постигнаа шест погодоци, иако погодоци се очекуваат повеќе од нив отколку од Белгиецот. Наместо тоа, Мората од меч во меч се труди да се надмине самиот себеси со промашувањата, додека на Жиру му требаат десет шанси сериозно да се закани, а дваесет да забие.

Доволно е да се погледнат два натпревари на Челси, за на еден просечен и неутрален љубител на фудбалот да му стане кристално јасно дека „Плавите“ не се вистински тим, туку само збир од десет фудбалери кои само чекаат што ќе направи Еден Азар, дали ќе биде инспириран, дали ќе има свој ден или не…

Белгиецот со години се поврзува со Реал Мадрид и заминување од Челси. Досега секогаш остануваше на „Стемфорд Бриџ“, но општиот впечаток е дека за неговата кариера најдобро би било да ја промени средината и да замине да игра со подобри соиграчи. Ќе ги сочува и нервите, на крајот на краиштата.