Потрес во Интер: Го платија 30 милиони, а во јануари ќе оди на позајмица?!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Голема грешка во проценка може скапо да ја плати Интер.

    Веста предизвика многу возбуда и радост кај навивачите при крајот на август кога за 30 милиони евра од Сантос стигна Габриел Барбоса, кој го сметаат за наследник на Роналдо.

    Два и пол месеци подоцна, од талентираниот играч нема ниту глас, ниту трага. Само еден натпревар, односно 15 минути на теренот во сите натпреварувања, се премалку за некој од кој се очекуваа чуда. Де Бур бараше трпение со Бразилецот и време за да влезе во системот на Интер, а според моменталната ситуација, Пиоли нема време да го чека Барбоса.

    Бидејќи според медиумите, Пиоли има намера сериозно да се засили во јануари, а Барбоса сака да го испрати на позајмица во Емполи. Овој план го поддржа Аузилио, кој смета дека тоа е одлична идеја играчот да ги добие потребните минути на теренот.

    Одлука, наводно, сеуште нема, но се ќе биде јасно на почетокот на декември. До тогаш Барбоса ќе има можност да го убеди Пиоли дека тој може да му помогне на Интер.