Поул Пирс се пензионираше како играч на „Селтикс“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Тој се појави во стар препознатлив дрес, во просториите на Бостон Селтикс кои што се наменети за тренинг и се наоѓаат во Масачусетс.

На него уште носеше и шорцеви на кои јасно се гледаше знакот на Бруклин Нетс.

„Еј Дани го гледаш оваа?!“ – Го праша Пол Пирс на генералниот менаџер на Бостон тегнејќи ги шорците.

„Ти ме прати таму“ – Со тажен глас му рече Пол.

Нема многу што да се рече, се е зборавено и простено од страна на големиот Пол Пирс. Тој потоа го следеше првиот човек на Бостон до неговата канцеларија. Таму потпиша еднодневен договор со Бостон, тимот кој го драфтува пред 19-ет години, а откако папирологијата беше готова, стариот и добар Пол Пирс се пензионираше како играч на Бостон Селтикс.

„Како што реков и неколку пати пред тоа, од секогаш сакав да се пензионирам како играч на Селтикс. Тоа го направивме денеска, тивко. Не сакам јас да правам спектакли од оваа.“- изјави Пол Пирс за ЕСПН.