Почна трката за младиот голман – Стигнаа понуди од Челси и Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот голман на Удинезе, Алекс Мерет воодушевува со настапите во дресот на Спал каде е на позајмица до крајот на сезоната.

Мерет заедно со Донарума се иднината на Италија.

Одличните негови настапи го привлекоа вниманието од европските клубови, па Удинезе може да ги трие рацете.

Алекс е главна желба на Челси, Конте наводно испратил понуда вредна 6 милиони фунти, но понудата ја зголеми Интер кој понуди еден милион повеќе.

Тука не е крајот. Интерес за италијанскиот голман покажа и Јувентус кој сака овој млад голман да биде наследник на Џанлуиџи Буфон.