По Бернардо Силва и Лемар го напушта Монако?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бернардо Силва одлучи да го напушти Монако и својата кариера да ја продолжи во Сити.

Силва вчера потпиша 5-годишен договор со Сити, а клубот го плати 70 милиони евра. Меѓутоа, по се изгледа дека тоа не е единствен фудбалер кој ова лето ќе го напушти Монако.

Медиумите пренесоа дека се наоѓа на излезни врати и Лемар. Според медиумите, 21-годишниот играч се наоѓа на мета на Јувентус, Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Наводно, управата на Јувентус испратиле понуда за Лемар и подготвија понуда од 40 милиони евра. Тој оваа сезона одигра 55 натпревари и постигна 14 голови и 17 асистенции.